
„NU затоа што иднината е во денешните средношколци, a за да го остварат својот потенцијал потребно им е насочување, поддршка, алатки кои ги поттикнуваат вистинските вештини и способности.“
Бранкица Василева
Program Development & Student Admission

„Инвестицијата во образованието и младите е клучна за иднината на нашата заедница. Со поддршка на средношколците, вложуваме во следната генерација лидери, иноватори и професионалци кои ќе ја движат напред нашата земја.“
Петар Ниноски
CEO @ Brainster Group
Ние веруваме дека секој може да стане сè што ќе посака, ако работи напорно.
Затоа, креиравме нов тип на образование -
Колеџ за средношколци кој овозможува уште во средно да откриеме во што сме навистина добри.
Нашиот начин на учење не се базира на пренесување на знаењето од наставникот до ученикот. Не се базира на тестови, ниту на учење на памет дефиниции. Ниту пак веруваме дека оцените се рефлексија на потенцијалот.
Веруваме во учење преку работа
Најдобро учиме кога креираме нешто. Најкреативни сме кога сме соочени со предизвик. И веруваме дека врските со професионалниот свет и компаниите треба да се градат уште во средношколските денови.
Затоа, the NU way на учење се базира на принципот на работа. А секоја добро сработена работа резултира со награда.
Нашите средношколци заработуваат преку својот труд, знаење, идеи, проекти и бизниси.
Нашите средношколци можат многу повеќе!








Ти треба повеќе инфо?
Стапи во контакт со нашиот тим! Ќе бидеме среќни да одговориме на сите твои прашања.
