само за 15 талентирани средношколци
Научи да кодираш и создавај веб апликации со AI-алатки за само 6 месеци. Избери да учиш во училница или online.


Не чекај факултет за да
пробаш програмирање!
NU програмата е креирана на начин да го открие и развие потенцијалот за програмирање уште во средно. Предзнаење не е потребно. Учениците учат практично преку симулирање на реална работна средина, стекнувајќи се вештини кои веднаш можат да ги применат.
Веб програмирање: основи и хостирање на веб
Влези во светот на веб програмирањето и изгради своја прва веб-страница во првата недела со:
- Разбирање на клиент-сервер архитектура и како функционира интернетот
- Структурирање на веб-страници со HTML5 и веб дизајн со CSS3
- Поставување на твојата веб-страница онлајн преку хостинг платформа

AI алатки за генерирање на код
Откриj како вештачката интелигенција го менува начинот на програмирање и забрзај го своето учење со:
- Користење на AI за генерирање на функционален код и решавање на проблеми
- Автоматизирање на повторливи задачи во веб програмирањето
- Креирање на комплексни компоненти преку едноставни текстуални промптови

Програмирање со JavaScript
Додај интерактивност и динамика на твојата веб-страница преку:
- Совладување на JavaScript синтаксата и манипулирање со DOM елементи
- Креирање на интерактивни функции, форми и кориснички настани
- Поврзување со API-ја за работа со податоци во реално време

Интеграција на Firebase
Надгради ја твојата веб апликација без комплексно програмирање на серверска страна, со:
- Имплементирање на корисничка автентикација (регистрација и најава)
- Чување и преземање на податоци со Firestore база
- Управување со датотеки и имплементација на ажурирања во реално време

Развој на веб апликации со React.js
Креирај модерни и респонзивни веб апликации со најпопуларниот JavaScript framework преку:
- Градење на динамични кориснички интерфејси со React компоненти
- Управување со состојби на апликацијата и оптимизација на перформанси
- Креирање на комплетна single-page апликација со интеграција на Firebase

Финансиска писменост
Научи како да ги покажеш твоите технички вештини и да создадеш одржлив извор на приходи со:
- Развивање на личен и бизнис финансиски план
- Анализа на приходи, трошоци и управување со ризици
- Оценување на финансиската одржливост на хипотетички бизнис идеи

Претприемачки начин на размислување
Претвори ја твојата страст за технологија во вистински бизнис уште во средно училиште со:
- Развивање на бизнис план и стратегија за лансирање на твојата веб апликација
- Креирање на ефективен маркетинг и привлекување на корисници
- Подготовка и презентирање на твојата идеја пред идни инвеститори и клиенти

Што добиваш од оваа програма?
Портфолио со 6 вистински веб-апликации, изградени од нула
Вештини за проблемско решавање и работа со AI алатки
Сертификат во дигитална и печатена форма, на англиски јазик

Најбараните професии на иднината ќе бидат достапни само за оние што започнале со развојот на вештини навреме - NU академиите се дизајнирани токму за тие средношколци.
Отворениот повик за 15 средношколци од Македонија трае до 1 октомври
Креиравме уникатен начин на учење
Kреирај па учи! Тоа е нашиот основен принцип кој ќе ти помогне да го оствариш твојот потенцијал. Со персонализиран пристап и активен фидбек -ќе совладаш сѐ!

градење заедница
3+
гостински предавања

креативни работилници и
48 часовен хакатон
теорија
Изработи го првиот реален
проект во првата недела!
Работа на реални проекти = практично искуство што вреди.
Твоите проекти решаваат реални предизвици за постоечки клиенти!
100% практично! 100% интерактивно!


Прва хостирана веб страница

Интерактивна веб игра

Динамичка веб платформа

Администраторски панел на веб платформа

Целосна веб апликација

Cool AI side projects со тимот на Бреинстер групацијата

Најбараните професии на иднината ќе бидат достапни само за оние што започнале со развојот на вештини навреме - NU академиите се дизајнирани токму за тие средношколци.
Отворениот повик за 15 средношколци од Македонија трае до 1 октомври
Учи од најдобрите
Индивидуален пристап и отворена соработка со врвни ментори ќе ти помогнат да ги постигнеш твоите цели.


Mихајло Тунев
senior Brand Identity Designer

Ивица Пешoвски
CTO & Lecturer @ Brainster

Наташа Шопова
Senior Graphic Designer @ division

Дејан Спиркоски
Creative Director @ Saatchi&Saatchi

Борис Какуринов
Marketing Specialist @ Merakzy
Како си поминуваме на час?

Првиот час ми помина супер. Научив како да ги подобрам моите способности за креативно размислување преку истражување и собирање на информации и инспирација.
Јоана Станоевска
ученичка на програмата графички дизајн x AI
Првата недела научив што сѐ е потребно за изведување на една реклама (insight, idea, execution) и научив дека поставувањето прашања е една од најважните алатки.
Василија Кокиновска
ученичка на програмата дигитален маркетинг x AI


Научив како да направм веб страна со помош на AI алатки. Најинтересно ми беше кога дознав како компјутерите ги читаат и прикажуваат боите.
Теона Поповска
ученичка на програмата веб програмирање x AI

Првиот час ми помина супер. Научив како да ги подобрам моите способности за креативно размислување преку истражување и собирање на информации и инспирација.
Јоана Станоевска
ученичка на програмата графички дизајн x AI
Првата недела научив што сѐ е потребно за изведување на една реклама (insight, idea, execution) и научив дека поставувањето прашања е една од најважните алатки.
Василија Кокиновска
ученичка на програмата дигитален маркетинг x AI


Научив како да направм веб страна со помош на AI алатки. Најинтересно ми беше кога дознав како компјутерите ги читаат и прикажуваат боите.
Теона Поповска
ученичка на програмата веб програмирање x AI
Создавај пријателства
за цел живот
Нашата заедница ќе ти стане круг на пријатели, идни колеги и ментори што ќе ти помогнат да го откриеш својот потенцијал!













Уписите за новите групи
се започнати
Уписите за новите групи се започнати
Веб програмирање x AI
6 месеци
Во училница, Пон - Сре 20:00 - 22:00ч.
Крај на јануари
Веб програмирање x AI
6 месеци
Online, Вто - Чет 20:00 - 22:00ч.
Крај на јануари


Tи треба повеќе инфо?
Стапи во контакт со нашиот тим! Ќе бидеме среќни да одговориме на сите твои прашања.
Teлефон за контакт
Мејл за контакт
Најчести прашања
Koj може да се запише на NU Aкадемија за средношколци?
На NU Aкадемија за средношколци може да се запишат талентираните средношколци од 1ва до 4та година. Програмите се дизајнирани само за најталентираните средношколци кои сакаат да заработуваат уште во средно и да станат претприемачи, програмери, дизајнери, инфлуенсери или креатори.
Koлку траат програмите, и каков е концептот на учење?
Програмите траат 6 месеци. Часовите се 2 пати неделно, и се фокусирани исклучиво на практична и интерактивна настава. Учењето се базира на практична работа. За секој модул ќе изработиш реален проект за вистинска компанија. Ќе работиш под менторство и ќе добиваш редовен фидбек за завршената работа. Реалните проекти ќе се изработуваат индивидуално и преку тимска работа.
Дали добивам сертификат?
Да, по завршувањето на секоја од програмите, добиваш сертификат за завршување на програмата. На истиот се набројани и сите вештини со кои се стекнуваш.
Дали можам да се вработам по завршување на конкретна програма?
Да, програмите се дизајнирани токму за тоа! Ќе се стекнеш со релевантни и практични вештини кои ќе ти донесат заработка. Освен тоа сите програми вклучуваат претприемништво и финансиски вештини кои ќе те обучат да започнеш бизнис и да наплаќаш за твојата работа.
Дали на колеџот за средношколци има тестови и испрашувања?
Наместо наставници ќе имаш ментори. Наместо тестови и испрашување ќе добиеш конструктивен фидбек. Менторите и компаниите транспарентно ќе ги оценуваат изработените проекти и ќе одбираат победнички решенија.
Kakšno vlogo igra AI v programih?
Побрзо, подобро, повеќе. Сè што можеш да научиш и сè што можеш да изработиш х10. AI ќе ти овозможи да ја видиш големата слика и да ја разбереш примената на знаењето кое допрва ќе го стекнеш. Наместо да градиш проекти од нула, имаш jump start со соодветни AI алатки кои ќе те направат попродуктивен и поефективен.