Само за 25 средношколци

Креирај содржини, гради стратегии и работи на реални кампањи со помош на најновите AI-алатки. 6 месеци - Учи во училница или online

Креирај содржини, гради стратегии и работи на реални кампањи со помош на најновите AI-алатки. 6 месеци - Учи во училница или online
😎 Следна група: 1 Септември

Не чекај факултет за да
пробаш маркетинг!

NU програмата е создадена за да го открие и развие потенцијалот за маркетинг и креирање на дигитални содржини уште во средно. Без потребно предзнаење, учениците стекнуваат практични вештини во симулирана работна средина кои можат веднаш да ги применат.

Аналитика и раст на инфлуенсерски соработки

Оствари ги твоите маркетинг цели со системска анализа и стратегија за раст преку:

  • Користење на аналитички алатки за мерење на успехот од дигитални кампањи
  • Толкување на податоци за подобрување на идни соработки
  • Развивање на долгорочни стратегии за раст на публика и конверзии
2 недели

Инфлуенсер маркетинг

Истражи го светот на инфлуенсер маркетингот и научи како да соработуваш со креатори на содржини преку:

  • Идентификување на соодветни инфлуенсери за твојот бренд или продукт
  • Планирање на успешни соработки со јасно дефинирани цели и метрики
  • Разбирање на етичките аспекти и правилата во инфлуенсер маркетингот
3 недели

Бренд идентитет и стратегија за онлајн присуство

Изгради препознатлив и автентичен дигитален идентитет преку:

  • Развивање на визуелни елементи и тон на комуникација на твојот бренд
  • Одржување на доследност во сите интеракации со публиката
  • Креирање на стратегија за градење на лојална заедница на корисници околу твојот бренд
3 недели

Вирални фото и видео содржини

Совладај ги техниките за креирање на визуелни содржини што задржуваат внимание и резонираат со публиката со:

  • Користење на AI алатки за продукција и едитирање на професионални видеа
  • Примена на storytelling принципи и визуелни ефекти во кратки формати
  • Оптимизирање на содржини за алгоритмите на TikTok, Instagram Reels и YouTube Shorts
4 недели

Ефективни кампањи на социјалните мрежи

Креирај кампањи кои ја пренесуваат вредност на брендот за кој работиш преку:

  • Развивање на приказни што допираат до твојата целна публика
  • Планирање и дистрибуција на серија поврзани содржини на различни платформи
  • Мерење на успешноста и подобрување на твоите кампањи според резултатите
4 недели

AI алатки за создавање дигитални содржини

Откриj како вештачката интелигенција го менува креирањето на содржини и забрзај го своето учење со:

  • Користење на AI за генерирање на текстуална и визуелна содржина
  • Автоматизирање на повторливи задачи во дигиталниот маркетинг
  • Креирање на креативни концепти преку едноставни текстуални промптови
2 недели

Дигитален маркетинг: основи и стратегија

Запознај се со основите на дигиталниот маркетинг и научи како да таргетираш вистинска публика со:

  • Разбирање на маркетинг инката и однесувањето на потрошувачите онлајн
  • Избор на вистински дигитални платформи за твојата целна публика
  • Креирање на стратегија за содржини според фазите во една патека на корисник
2 недели

Финансиска писменост

Научи како да создадеш стабилен извор на приходи од она што го знаеш и вештините кои ги имаш со:

  • Развивање на бизнис модел за твоите дигитални услуги и производи
  • Управување со приходи, трошоци и ценовни стратегии
  • Проценка на исплатливоста на твоите креативни проекти
1 неделa

Претприемачки начин на размислување

Научи како можеш да ги трансформираш твоите дигитални вештини во успешен бизнис со:

  • Препознавање на пазарни можности во дигиталниот свет
  • Развивање на стратегии за издвојување и позиционирање на твојот бренд
  • Креирање на убедлива презентација за привлекување на клиенти и партнери
2 недели

Што добиваш од оваа програма?

Портфолио со 6 маркетинг проекти за потребите на постоечки брендови


Вештини за проблемско решавање и работа со AI алатки

Сертификат во дигитална и печатена форма, на англиски јазик

Програмата на NU e креирана од експертите во едукација
Вто - Чет, 20:00 - 22:00ч.
The NU Way

Креиравме уникатен начин на учење

Kреирај па учи! Тоа е нашиот основен принцип кој ќе ти помогне да го откриеш твојот потенцијал. Со персонализиран пристап и активен фидбек -ќе совладаш сѐ!

градење заедница

3+

гостински предавања

креативни работилници и хакатон

теорија

Изработи го првиот реален
проект во првата недела!

Работа на реални проекти = практично искуство што вреди.
Твоите проекти решаваат реални предизвици за постоечки клиенти!

100% практично! 100% интерактивно!

    Project Image

    Content план

    marketing funnel target personas social media channels
    Project Image

    Кампања за социјални мрежи

    AI Tools social media channels client brief
    Project Image

    Серија на photo и video дигитални содржини

    AI tools CapCut virality
    Project Image

    Стратегија за brand идентитет

    Canva user research target personas
    Project Image

    Инфлуенсер маркетинг стратегија

    social media channels engagement virality
    Project Image

    Cool AI side projects со тимот на Бреинстер групацијата

    AI Tools
Програмата на NU e креирана од експертите во едукација
Вто - Чет, 20:00 - 22:00ч.
Професори
Пријатели

Учи од најдобрите

Индивидуален пристап и отворена соработка со врвни ментори ќе ти помогнат да ги постигнеш твоите цели.

Како си поминуваме на час?

Ученичка

Првиот час ми помина супер. Научив како да ги подобрам моите способности за креативно размислување преку истражување и собирање на информации и инспирација.

Јоана Станоевска

ученичка на програмата графички дизајн x AI

Првата недела научив што сѐ е потребно за изведување на една реклама (insight, idea, execution) и научив дека поставувањето прашања е една од најважните алатки.

Василија Кокиновска

ученичка на програмата дигитален маркетинг x AI

Научив како да направм веб страна со помош на AI алатки. Најинтересно ми беше кога дознав како компјутерите ги читаат и прикажуваат боите.

Теона Поповска

ученичка на програмата веб програмирање x AI

Создавај пријателства
за цел живот

Нашата заедница ќе ти стане круг на пријатели, идни колеги и ментори што ќе ти помогнат да го откриеш својот потенцијал!

Стани дел од NU
следни групи: септември

Уписите за новите групи
се започнати

Уписите за новите групи се започнати

отворен упис
средношколска програма

Дигитален Маркетинг x AI

6 месеци

Во училница, Пон - Сре 20:00 - 22:00ч.

Септември

12 рати x 100€

Вкупно 1200€

отворен упис
средношколска програма

Дигитален Маркетинг x AI

6 месеци

Online, Вто - Чет 20:00 - 22:00ч.

Септември

12 рати x 100€

Вкупно 1200€

Tи треба повеќе инфо?

Стапи во контакт со нашиот тим! Ќе бидеме среќни да одговориме на сите твои прашања.

Teлефон за контакт

Мејл за контакт

Најчести прашања

Koj може да се запише на НУ Колеџ за средношколци?

На NU Колеџ за средношколци може да се запише секој средношколец од 1ва до 4та година. Програмите се дизајнирани само за оние кои сакаат да заработуваат уште во средно и да станат претприемачи, програмери, дизајнери, инфлуенсери или креатори.

Програмите траат 6 месеци. Часовите се 2 пати неделно, и се фокусирани исклучиво на практична и интерактивна настава. Учењето се базира на практична работа. За секој модул ќе изработиш реален проект за вистинска компанија. Ќе работиш под менторство и ќе добиваш редовен фидбек за завршената работа. Реалните проекти ќе се изработуваат индивидуално и преку тимска работа.

Да, по завршувањето на секоја од програмите, добиваш сертификат за завршување на програмата. На истиот се набројани и сите вештини со кои се стекнуваш.

Да, програмите се дизајнирани токму за тоа! Ќе се стекнеш со релевантни и практични вештини кои ќе ти донесат заработка. Освен тоа сите програми вклучуваат претприемништво и финансиски вештини кои ќе те обучат да започнеш бизнис и да наплаќаш за твојата работа.

Наместо наставници ќе имаш ментори. Наместо тестови и испрашување ќе добиеш конструктивен фидбек. Менторите и компаниите транспарентно ќе ги оценуваат изработените проекти и ќе одбираат победнички решенија.

Побрзо, подобро, повеќе. Сè што можеш да научиш и сè што можеш да изработиш х10. AI ќе ти овозможи да ја видиш големата слика и да ја разбереш примената на знаењето кое допрва ќе го стекнеш. Наместо да градиш проекти од нула, имаш jump start со соодветни AI алатки кои ќе те направат попродуктивен и поефективен.

Биди и ти дел од нашите успешни приказни